Новости

Здравје

Ова се клучните разлики помеѓу менталниот и физичкиот замор

Постојат два сосема различни типа на замор кои можат да влијаат на секојдневниот живот, истакнуваат експертите кои се согласуваат во едно – има разлика помеѓу психички и физички замор. И токму тоа е прашањето што луѓето ширум светот го поставуваат: Зошто сум толку уморен?

Причини и симптоми на физички замор

Виновниците за физичкиот замор и исцрпеност се обично прекумерниот тренинг или недостатокот на сон. Многу луѓе веднаш мислат дека прекумерниот тренинг може да важи само за врвните спортисти, но тоа не така, затоа што, дури и ако сте почетник, можете да претерате во однос на вашето моментално ниво на кондиција.

Кога станува збор за претераното вежбање, тренерите истакнуваат дека тоа може да вклучува зголемен пулс при мирување, болки во мускулите кои не престануваат во рок од 48 до 72 часа по тренингот, главоболки и намален апетит. Тогаш е неопходно да се одморите неколку дена и да се опоравите.

Друга причина е недостатокот на сон и ова е една од најчестите причини затоа што едноставно не спиете доволно или квалитетот на сонот ви е слаб. На пример, тоа можете да го препознаете по тоа што сте уморни и по осум или повеќе часа спиење, или се будите во „добра“ состојба, а околу 14 часот многу се уморувате. Сепак, неопходно е да се направи разлика: „бавноста“ во попладневните часови е нормална, но не до таа мера што буквално ништо не можете да направите. Лошиот квалитет на спиење во голема мера е поврзан со стресот, хормоните и проблемите со тироидната жлезда, а ако препознаете дека тоа може да биде случај и со вас, задолжително консултирајте се со вашиот избран лекар.

Причини и симптоми на ментален замор

Менталната исцрпеност и замор се дефинираат како неизвршување ментални задачи кои бараат самомотивација, а таквиот замор ја намалува дневната ефикасност. Во таков период луѓето тешко ги извршуваат секојдневните задачи или донесуваат рутински одлуки, раздразливи се и нерасположени и одолговлекуваат.

Во исто време, тоа влијае на спиењето бидејќи умот не може да се исклучи. Клучот за секаков вид на таков замор е да направите нешто за себе, без разлика дали одвојувате малку време за да тренирате или да готвите здрава вечера. Правете го она што ќе ви даде повеќе енергија. Ако се чувствувате уморни по ручекот, обидете се да одите на прошетка наместо да дремете и наполнете ги батериите до крајот на денот.

Што да се прави во ситуации на ментален и физички замор?

Кога ќе почувствувате некој од овие симптоми, пред да брзате кај вашиот доктор, запрашајте се дали спиете доволно, каква е вашата исхрана и дали консумирате премногу шеќер, дали вежбате доволно во текот на денот, дали сте под стрес и со кој се дружите, време со вашите најблиски и дали се дружите со вистинските луѓе кои ве прават среќни или ве задржуваат? Откако ќе си одговорите искрено на сите овие прашања, најдобро ќе знаете кои се вашите следни чекори.

Извор на насловна: Print Screen/google

Евротип
SNBROKER
To Top