Новости

Здравје

Ова ќе ви помогне ако имате низок притисок

Личностите кои патат од низок крвен притисок најчесто се жалат на тешко будење, поспаност, вртоглавица, замор, главоболка, губење волја, слаба циркулација и меморија. Во повеќето случаи, со примената на едноставни и лесно достапни природни лекови, нискиот притисок може да се држи под контрола со што помалку симптоми, па дури и целосно да се регулира

Рузмарин – Во народната медицина, чајот од рузмарин е веројатно најпознатиот природен лек за покачување на крвниот притисок.

Цвекло – Една чаша свеж сок од цвекло дневно, за една недела може да ги намали симптомите на нискиот притисок.

Глог – Освен за нискиот притисок, глогот е добар и за регулацијата на високиот крвен притисок односно за лицата кои патат од хипертензија.

Женшен – Позитивно влијае врз разните компликации кои можат да настанат поради нискиот притисок.

Кафе – Го покачува притисокот, па доколку немате проблем со кофеинот, тогаш пијте по една до две шолји на ден. Добра алтернатива за оние кои не се љубители на кафето е зелениот чај.

Вода – Во борбата со хипотензијата, важно е да се пие што повеќе вода за да се зголеми количината на крвта во крвните садови.

Сол – Јадете солена храна, бидејќи солта ја поврзува водата во организмот. Популарен лек за инстантно дејство е мешавина од сол и јогурт.

Витамин Ц, Б и протеини – Благотворно делуваат не само во лекувањето на нискиот крвен притисок, туку и во неговата превенција.

Напомена: Нискиот крвен притисок може да биде присутен без какви било симптоми и во тој случај нема потреба од лекување бидејќи оваа појава не е опасна по здравјето.

Евротип
Евротип
To Top