Новости

Здравје

Овие намирници го поправаат лошото расположение

Имате лош ден? Откријте кои намирници можат да ви ја вратат насмевката на лицето…

Јагоди, портокали, манго..

Витаминот Ц го зајакнува имунитетот но и го поправа лошото расположение. Овој силен антиоксидант се покажа како одлично оружје во борбата против депресијата, слободните радикали и при поправање на организмот кој бил изложен на стрес.

Лешници и семки од тиква

Овие намирници се богати со омега 3 масни киселини, кои веќе се докажано и проверено средство за зголемување на нивото на расположението и чувството на задоволство.

Целер

Грицкањето целер го елиминира стресот и ги отпушта крвните артерии. Истражувањата покажаа дека целерот содржи хемикалии кои ја намалуваат концентрацијата на хормонот на стрес во крвта.

Евротип
SNBROKER
To Top