Новости

Здравје

Овошје кое може да ја намали желбата за никотин

Смоквите се природен извор на шеќер, влакна и се богати со минерали. Тие се одличен извор на железо, а богати се и со други хранливи материи како што се калиум, калциум, магнезиум, бакар, антиоксиданси и витамин А. Смоквите поради високата алкалност можат да им помогнат на луѓето кои сакаат да се откажат од пушењето или да ја намалат желбата за никотин.

Тие помагаат во губење на телесната тежина

Смоквите можат да бидат совршена ужина за оние кои сакаат да ослабат и можат да ви помогнат да се чувствувате сити со часови. На овој начин ќе јадете помалку и ќе одржувате подолги интервали помеѓу оброците, пишува Azra.ba.

Контрола на крвниот притисок

Нездравата исхрана доведува до проблеми со крвниот притисок, што може да доведе до нерамнотежа на нивото на калиум во вашето тело. Смоквите се добар извор на калиум, па можат природно да го контролираат високиот крвен притисок.

Плодност

Смоквите историски се сметале за симбол на плодноста, благодарение на нивната содржина на железо. Имено, оваа хранлива состојка игра важна улога во процесот на овулација кај жените. Многу често смоквите се консумираат со млеко за да се подобри репродуктивното здравје.

Евротип
SNBROKER
To Top