Новости

Здравје

Пивото позитивно влијае на човековото здравје

Пиењето пиво благотворно влијае на човековото здравје, посочува ново истражување објавено во списанието „Нутришнтс“ (Nutrients).

Имајќи го предвид широкиот спектар на безалкохолни пива, оваа информација може да биде корисна и за оние кои не сакаат да пијат алкохол. Според науката, сепак, умерената употреба е клучна. На жените им се препорачува да пијат по едно пиво дневно, а на мажите најмногу две. Анализите се направени во Шпанија во периодот од 2007 до 2020 година.

Сепак, важно е да се напомене дека за позитивните последици се одговорни хранливите материи во пивото, а не самиот алкохол.

Пивото ве штити од кардиоваскуларни болести. Пет од шесте анализи покажаа дека пивото може да спречи срцеви заболувања, но кај луѓето кои пиеле 0,35 литри дневно.

Пивото може да помогне при случај на дијабетес кај мажите. Имено, луѓето кои не пијат пиво имаат значително поголема веројатност да развијат абнормална регулација на шеќер во крвта, во споредба со оние кои пијат пиво повремено, се посочува во истражувањето.

Евротип
Евротип
To Top