Пијалоци кои ве успоруваат во вашата цел да изгубите вишок килограми

Ако сакате да изгубите тежина, веројатно сте пробале разни форми на исхрана и сте размислувале за количината на храна или калориите што ги примате при исхраната.
Сепак, дали сте размислувале што пиете и колку калории има во пијалоците?
Дефинитивно треба да имате на ум дека поединечни пијалоци се исто така висококалорични и затоа можат да ве вратат наназад од вашиот потфат.
Откријте кои навики поврзани со пиењето се контрапродуктивни во случај да се борите со килограмите:
Засладени чаеви
Иако билните и црни чаеви без шеќер и млеко, можат да бидат многу корисни, засладените чаеви, особено готовите, купени во продавница или популарните ледени чаеви, можат да бидат причина зошто не можете да ослабете ако ги консумирате секојдневно.
Половина литар засладен чај содржи помеѓу 200 и 450 калории според истражувањето објавено во списанието ,,Food Sciences & Nutrition”. Газираните чаеви честопати имаат уште повеќе калории и шеќер поради сирупот од пченка.
„Секој пијалок што има многу шеќер може да предизвика зголемување на телесната тежина“, нагласува нутриционистот Куртни Д’Анџело.
Вкусно засладено кафе
Засладеното кафе со разни додатоци, како нескафето со прелив и слично, тоа може да го успори процесот на губење на килограми. Експертите посочуваат дека умерената конзумација, не треба да претставува проблем. Па така, засладувачите гледајте да ги избегнувате.
Вода со вкус
Само затоа што пијалокот има „вода“ на своето име, не значи дека не е висококалоричен или здрав. Таквите води се рекламираат како полни со витамини, но всушност се полни со шеќер, а витамините подобро се консумираат од природни извори како овошјето.
Енергетски пијалоци
Колку и да изгледате уморно на тренинг, речиси сигурно не ви е потребен енергетски пијалок за да ја вратите изгубената енергија. Како по правило, таквите пијалоци содржат многу шеќер, вештачки бои и други адитиви кои придонесуваат за зголемување на телесната тежина.
Овошни сокови
Иако овошните сокови често се сметаат за здрави, тие веројатно нема да помогнат доколку сакате да ослабите. Повеќето од нив се полни со шеќер, а вишокот шеќер, кој телото веднаш не го претвора во енергија, се складира во масното ткиво. Така се дебелеете.
Смути со малку протеини
Смути направено од неколку видови овошје и без протеини, е исклучително богато со калории, а остава и чувство на глад. Затоа секогаш треба да додавате јогурт, кефир или сличен извор на протеини.
Редовно консумирање алкохол
Еден алкохолен пијалок повремено не би повредил никого, но ако пиете два алкохолни пијалоци секој ден, на пример, со секоја вечера, тоа додава 200 до 500 калории над се што сте консумирале тој ден. Експертите советуваат да пиете лесно пиво, суво вино или минерална вода.
Не пиете доволно вода

Woman Drinking Glass of Water — Image by © Royalty-Free/Corbis
Понекогаш проблемот е и ако не пиеме доволно, а не само ако пиеме премногу. Пијте повеќе вода, предупредуваат експертите бидејќи прави голема разлика кога станува збор за нивото на енергија, глад и друго. Ако соковите, енергетските пијалоци, слатките чаеви и слично, ги замените со вода, ќе забележите разлика, пишува EatThis.
