Новости

Здравје

Правило од три минути – клучно за да ја задржите убавината на вашата кожа

На кожата и тоа како и е потребна хидратација, особено во овие постудени денови. Редовното „влегување под туш“ е од особено значење за негата на вашата кожа, но доста релевантен фактор е и нанесувањето на млекото за тело после бањата.

Многу жени грешат во однос на ова правило. Тие го нанесуваат млекото за тело малку задоцнето, незнаејќи дека порите се отворени и млекото за тело ќе ја задржи влажноста, хидратацијата на кожата, само доколку се стави максимум после три минути откако ќе се избањате. Доколку малку задоцните, вашата кожа нема да го постигне посакуваниот ефект и ќе биде сува.

Не заборавајте за ова „три минутно“ правило, па затоа во бањата секогаш имајте го на дофат млекото за тело. Грижете се за вас, вашата кожа и вашето здравје.

Pinterest

 

 

GOLD
To Top