Новости

Здравје

Разбудете се од зимскиот сон и престанете да размислувате за диета!

Психолозите докажаа дека зимската депресија се случува, па време е да се разбудиме од тој „сон“. Со оглед на ситуацијата, вистина е дека седењето дома, од своја страна повлече и некои други проблеми поврзани како со физичкото така и менталното здравје. Сме ставиле малку повеќе килограми, сме ги избегнале правилата кои не учеа на здрав животен стил. Целата таа флегматичност, носи и психолошки последици, кои му даваат погрешни насоки на нашиот ум. Амбицијата се намалува, верувањето во успех е на најниско ниво. како да си помогнете?

Pinterest

Еднаш треба да разбереме, дека диетата и изгладнувањето не е вистинското решение за да го постигнеме посакуваниот ефект. Вистина е дека самодовербата ни е поголема кога се чувствуваме убаво во нашето тело, но како да стигнеме до тоа? Физичката активност е релевантна и е десна рака на здравиот начин на исхрана. Имајте однос кон вашето тело кој е ваш храм, ваш култ. Дозволете си здрав живот, вежбајте и не помислувајте на диета. Наместо тоа, започнете да ги следите инструкциите на нутриционистите кои посочуват на здрава храна. Не го изгладнувајте телото и стопирајте со лошите намирници кои не само што му наштетуваат на вашето тело, туку и на вашиот ум.

Pinterest

Физичката активност е докажано дека го зголемува серотонинот, хормонот на среќата, па најпрво одлучете што сакате да спортувате и станете од креветот. Потоа направете листа на здрава исхрана и намирници кои барем сега ни се достапни. Свртете нова страница во вашиот живот хранејќи ја пред се мислата со убави афирмации и позитивни мантри, верувајте во себе си и држете се до целта. Не се откажувајте од вашиот живот лесно и делувајте си мотивациски на себе, без да се истоштувате во негативни мисли. Вежбајте јога, релаксирајте се после тренингот.

Само така би биле задоволни од вашето тело, но пред тоа дозволете му на вашето тело да биде задоволно од вас.

GOLD
To Top