Придобивки од кафето кои не сте ги знаеле!

„Се додека постои кафе на овој свет, колку лоши можат да бидат работите?“ – Касандра Клер, „Градот од пепел“
Кафето не буди, ја зголемува концентрацијата и го зголемува нивото на енергија кога ни е најпотребно. Овие, сепак, не се единствените придобивки од пиењето на овој пијалок.
Како комплексна мешавина од активни супстанции, кафето има корисен ефект врз нашиот кардиоваскуларен и централен нервен систем, како и на дигестивниот тракт.
Кафето исто така содржи соединенија кои имаат антивоспалителна, антиоксидантна и антипролиферативна активност, што помага да се спречат одредени форми на тумори на мозокот.
Јапонска студија, во која учествуваа дури 106.324 луѓе, покажа дека редовното консумирање кафе значително го намалува ризикот од развој на оваа сериозна болест, особено кај луѓето кои пијат повеќе од три кафиња дневно.
Забележана е иста врска помеѓу честото консумирање кафе и појавата на Паркинсонова болест. Исто така, постојат докази дека кафето ја подобрува долгорочната меморија, што е особено важно за постарите лица, кои помалку се способни да се потпрат на своите когнитивни способности. Овој популарен пијалок е и ваш сојузник во борбата против дијабетисот, а исто така е познато дека го намалува ризикот од Алцхајмерова болест.
Генерално, кафето е добро за вашето тело, поради што треба да продолжите да го консумирате доколку сте негов љубител. Единствениот проблем со тоа е што може да предизвика несоница, но лесно се решава ако ја намалите дневната доза или се воздржите од пиење кафе во период од 6 часа пред спиење.
Извор: Psuchology today
