Новости

Здравје

Природен чај против кашлица: Кога имате сува кашлица, ова е спасот!

За време на респираторни инфекции, покрај медицинските лекови, неопходно е да пиете и домашни чаеви кои ќе ви помогнат да ја исчистите слузта од белите дробови.

Покрај напитокот од ѓумбир, лимон и мед, пробајте го и овој чај за кој ви го пренесуваме рецептот.

Главните две состојки што ги вклучува се – ленено семе и мајчина душица!

Чајот од ленено семе и мајчина душица дефинитивно ќе ви помогне во разредувањето и исфрлањето на насобраната слуз од белите дробови.

Овој чај делува и при сува и иритирачка кашлица со смирување на слузокожата и бронхијалните мускули.

Ленено семе – ефикасна помош при сува и влажна кашлица

Кога се натопени во вода, семките од лен ослободуваат лековита слуз која во допир со грлото и слузокожата делува благотворно, а истовремено ги чисти бронхиите.

Освен тоа, семките од лен се богати со влакна, па дефинитивно ќе ви помогнат во варењето, а богати се и со омега-3 масни киселини и манган.

Мајчина душица – природен лек за кашлица

Популарната медитеранска билка мајчина душица се користи уште од античко време за медицински цели, вклучително и за ублажување на кашлица, бронхитис и сите заболувања поврзани со респираторниот систем.

Познато е дека е антибактериско, антимикробно, антифунгално и антиинфламаторно.

Работи така што ги релаксира бронхијалните мускули. Мајчината душица, исто така, се покажа како ефикасна при бронхитис и остра кашлица која често ги погодува децата.

Евротип
SNBROKER
To Top