Новости

Здравје

Путин најавува уште една руска вакцина против ковид-19

Претседателот на Русија, Владимир Путин, најави дека наскоро ќе биде пуштена во промет четвртата вакцина против коронавирусот.

Тој изјави дека имунизацијата на населението се одвива со забрзано темпо и дека Русија е заинтересирана за соработка со странски партнери во борбата против пандемијата, пренесува РИА новости.

Досега во Русија се регистрирани три вакцини против Ковид-19 – „Спутник В“, „Епивакорона“ и „Ковивак“, од кои само првата засега е одобрена за употреба и во ЕУ и стана дел од ковакс-механизмот. Наскоро ќе се објават дополнителни детали околу четвртата ковид-вакцина произведена во Русија.

Евротип
SNBROKER
To Top