Рецепти за три утрински смути кои го подигнуваат имунитетот и енергијата

Што е подобро за појадок од вкусно и здраво смути?
Овие смути се одличен и здрав начин да го започнете денот со многу витамини.
Антиоксидативно смути
Состојки:
Ананас
1 киви
1 лажичка свеж ѓумбир
кељ
сок од лимон
1 шолја бадемово млеко
Главната состојка на ова смути е ананасот бидејќи е одличен за имунитетот – содржи голема количина на антиоксиданси и содржи бромелаин, кој делува антиинфламаторно, го забрзува варењето и ги ублажува проблемите со синусите, пишува Ultra.
Кивито е и овошје богато со антиоксиданси и е полно со витамини, како што се витаминот К и Е, а содржи и многу влакна. Ѓумбирот содржи гинџерол и е моќен антиоксиданс. Исто така, ја ублажува болката во мускулите. Кељот е полн со моќни антиоксиданси, витамини и влакна кои се одлични за варење.
Смути богато со хранливи материи
Состојки:
1 манго
грст спанаќ
½ лажичка куркума
1 шолја бадемово млеко
прстофат бибер
Мангото, кое е главната состојка во ова смути, е полно со витамини како Ц и А, што значи дека помага да го одржиме нашиот имунитет силен и здрав. Спанаќот е храна која е одлична за подобрување на имунитетот благодарение на високото ниво на витамин Ц, кој помага и во борбата против инфекциите.
Куркумата е совршена за имунитет, а има и антиинфламаторно дејство. Биберот ја зголемува апсорпцијата на основните хранливи материи како што се калциумот и селенот.
Смути полно со витамин Ц.
Состојки:
1 голем морков
1 голем портокал или мандарина
1 лажичка свеж ѓумбир
½ лажичка цимет
¼ лажички куркума
1 шолја бадемово млеко
Ова смути е полно со витамин Ц благодарение на морковите и портокалите. Морковите содржат антиоксиданси, кои му помагаат на телото да се бори со слободните радикали, оштетувањето на клетките и воспалението, додека портокалите обезбедуваат заштита на срцето бидејќи го контролираат нивото на шеќер и холестерол. Освен тоа, познато е дека помагаат во спречување на ризикот од респираторни заболувања.
Циметот го стимулира имунитетот, помага во регулирањето на шеќерот во крвта, ги спречува супстанците кои предизвикуваат воспаление и го спречува таложењето на тромбоцитите во крвта.
