Седумдневен план на исхрана на Моника Белучи – Убавицата го сподели своето мени

Убавата Италијанка признава дека не е љубител на вежбање и дека обожава добра храна, но кога случајно ќе претера со вкусната храна, воведува седумдневен план за исхрана и на тој начин го чисти организмот од насобраните токсини, го забрзува метаболизмот и ја обновува структурата на телото.
Прв ден
Појадок: 150 мл природен и незасладен јогурт со неколку парчиња јаболка
Ручек: 200 грама варено говедско месо, 200 грама салата со 1 лажичка маслиново масло, парче пченкарен леб
Вечера: чинија свежи јагоди, 150 грама ориз со една кафена лажичка маслиново масло и 50 грама рендано сирење, 150 грама салата, овошје
Втор ден
Појадок: шолја кафе без шеќер, тост и лажица бобинки или џем од овошје
Ручек: омлет од 3 јајца, 2 мали варени тиквички, парче интегрален леб
Вечера: 150 варено посно месо, салата
Трет ден
Појадок: шолја зелен чај (со лимон), тост со мед, грејпфрут
Ручек: 200 грама варен или печен компир со магдонос или копар, 100 грама сирење со малку маснотии
Вечера: 170 грама шпагети со маслиново масло
Ден четврти
Појадок: незасладен јогурт со малку маснотии со 2 лажички мед, 40 гр сирење
Ручек: 100 грама ориз, 100 грама варени тиквички, 100 грама варено говедско месо
Вечера: чинија со кое било овошје, 200 грама варена посна риба, салата со маслиново масло, парче леб, овошје
Ден петти
Појадок: чаша свежо исцеден сок, две солени крекери
Ручек: 100 грама шпагети, зелена салата со маслиново масло, портокал или грозје
Вечера: 250 грама салата од зеленчук, грав, овошје
Се што треба да направите е да повторите некој од претходните денови во преостанатите денови од менито, што секако го применува Моника.
Извор: Elle Si
