Новости

Здравје

СЗО најавува трета доза вакцина секоја година за најризичните групи

Светската здравствена организација предвидува дека најзагрозената популација кога станува збор за коронавирусот, како постарите граѓани, ќе треба да примаат дополнителна доза вакцина секоја година, со цел да добијат заштита од сите видови, пренесе „Ројтерс“ од документ до кој имале пристап.

Што се однесува до општата популација, се проценува дека ќе треба дополнителна доза на секои две години.

Оваа проценка е вклучена во извештајот што ќе се дискутира на состанокот на Глобалната алијанса за вакцини (ГАВИ), кој управува со програмата на СЗО, Ковакс.

Не е наведено како е донесен овој заклучок, но според основното сценарио, нови варијанти на вирусот ќе продолжат да се појавуваат, а вакцините ќе мора редовно да се подобруваат.

Евротип
SNBROKER
To Top