Новости

Здравје

Сигнали преку кои вашето тело ви кажува дека се храните лошо

Се прашувате што мисли вашето тело за храната што ја јадете? Одговор ќе ви даде само еден поглед на вашата коса, кожа и уста. Овие сигнали испратени од телото се загрижувачки, но откриваат дека јадете премногу лоша храна.

Нашето тело е софистициран организам и затоа е посебен – способен е да преработува енергија, да се чисти од токсини и отпад, да ја регулира температурата, па дури и да се заштити од опасните инфекции.

Сува коса

Според резултатите од студијата спроведена на интензивна нега, јасно е дека на телото му треба многу енергија, протеини и микронутриенти за заздравување на раните. Едноставно кажано, вашата исхрана е важна за процесот на закрепнување.

На фоликулите на косата им требаат и доволно хранливи материи за да функционираат правилно. Според студијата објавена во списанието Dermatology Practical & Conceptual, недостатокот на железо, цинк, витамини од групата Б и други хранливи материи, како што се витамините Д, А, Е и фолна киселина, може негативно да влијае на способноста за растење здрава коса.

Здравје на забите

Воспалени или крвави непца како и кариесот се сигнали за лоша исхрана, објасни д-р Кристин Киркпатрик од Клиниката во Кливленд.

Ако треба да одите на стоматолог за поправки на забите, само размислете колку засладени пијалоци сте испиле до сега, а истото важи и за храната. Можете да ги зголемите витамините ако јадете јагоди, домати, зелен зеленчук и компири.

Брчки на кожата

Според студијата објавена во списанието Dermato Endocrinology, лишувањето на телото од хранливи материи сигурно ќе влијае на вашиот изглед.

Најдобар начин да го спречите ова (се однесува на брчките и опуштената кожа) е да го промените вашиот животен стил, кој вклучува внес на калории, нега на кожата и физичка активност. Внимавајте на количината на стрес, но и на храната што ја јадете, антиоксидантните својства, пишува во студијата.

Оваа храна вклучува антиоксиданси, како што се флавоноиди и витамини А, Ц, Д и Е, омега-3 масни киселини и протеини. За да го обезбедите внесувањето на сите горенаведени, не избегнувајте овошје и зеленчук.

Евротип
SNBROKER
To Top