Новости

Здравје

Сладоледот може негативно да влијае на расположението – Но, кoј може да одолее!

Добро знаеме дека треба да бидеме умерени во секое јадење, па така е и со сладоледот. Доколку уживате во ова слатко задоволство и го конзумирате секој ден, сето тоа може да има последици по цена на вашето здравје. Се разбира, сладоледот има и бенифити, па така во некои околности може да ви помогне да изградите и дефинирате мускули.

Шеќерите во сладоледот помагаат да се изградат мускулите и да се спречи разградување на протеините со поттикнување на инсулинот да се зголеми, вели тренерот на славните личности и нутриционист Џеј Кардиело за Men’s Journal.

Сладоледот може да биде корисен до два часа по тренингот“, тврди Џеј.

Хирургот д-р Кристи Фан верува дека има одредена вистина во тоа дека сладоледот е добар за закрепнување после вежбање, но предупредува: „Клучното прашање е колку напорно вежбавте? Ако не вежбате доволно и јадете сладолед секој ден, тоа нема да се одрази добро на вашата форма“.

Може да го наруши сонот

Некои луѓе веруваат дека сладоледот им помага да се смират и побрзо да заспијат, но експертите велат дека тоа е глупост.

Клучната студија објавена во Журналот за медицина за спиење вели дека јадењето храна со малку влакна и богата со заситени масти е поврзано со послаб сон и ноќен немир.

Конзумирањето повеќе шеќер, особено навечер, го намалува количеството на длабок сон. Ако мора да јадете нештo пред спиење, изедете банана која е богата со магнезиум кој го подобрува сонот.

Прекумерното јадење на сладолед негативно влијае на расположението

Храната богата со масти и шеќери, како што е сладоледот, е штетна за мозокот.

Неколку студии открија корелација помеѓу исхраната богата со рафинирани шеќери и ослабената функција на мозокот, па дури и влошувањето на симптомите на нарушувања на расположението, како што е депресијата, пишува д-р Ева Селуб на блогот за здравје на Харвард, пренесува avaz.ba.

Сладолед! Умереност… Трпение… Не мора веднаш… Ене го во фрижидерот… Само малку да ја отворам вратата… Само еден залак и толку… Хм… Ммм… Уф… Па кој може да одолее?!

П. С. Па добро, малку за мускулите нели?! 😊

Евротип
SNBROKER
To Top