Новости

Здравје

Собјанин: Неочекувано влошување на епидемилошката состојба во Москва

Во Москва има брзо влошување на состојбата со коронавирусот, изјави денеска градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин на состанокот на президиумот на работната група за борба против Ковид-19.

– Ситуацијата со пандемијата на коронавирусот во Москва брзо се влошува, истакна Собјанин, посочувајќи дека руската престолнина веројатно се соочува со нова варијанта, која е позаразна и поагресивна.

– Треба да се напомене дека ова е неочекуван развој, бидејќи повеќе од 60 проценти од населението во градот биле или заразени или вакцинирани, наведе тој, додавајќи дека станува збор за прилично голем број луѓе кои имаат имунитет.

Очекувавме дека стапката ќе падне, а не да се зголеми, потенцира Собјанин.

Евротип
Евротип
To Top