Новости

Здравје

Со оваа намирница исчистете ги крвните садови и намалете го холестеролот

Со постудените денови, празничните оброци и мрсната храна, крвните садови се затвораат, каналите се стеснуваат и потенцијално доведуваат до трајни последици по здравјето на луѓето.

Годините и неправилната исхрана, особено за време на празниците и обилните оброци, доведуваат до трошење на крвните садови, стануваат помалку еластични, а слој на холестерол се акумулира на внатрешните sидови. Заради тоа, тие значително се стеснуваат.

Како резултат на тоа, постои слабо снабдување со крв на органите и целиот организам. Затнувањето на крвните садови е опасно по живот.

Лукот е еден од најдобрите природни лекови за чистење на крвните садови, ги проширува и ја зголемува циркулацијата на крвта. Лукот исто така го намалува нивото на лош холестерол, како и ризикот од мозочен удар и срцев удар.

Покрај тоа, се препорачува како најдобар природен антибиотик што можеме да го користиме.Освен што додава вкус на нашата исхрана, има и важни хранливи состојки неопходни за секој организам. Исто така, помага во зголемување на нивото на инсулин, што го намалува нивото на шеќер во крвта.

За да се прошират крвните садови и самите артерии, потребно е да се вари една чаша млеко со три сецкани чешниња лук. Овој пијалок се консумира секој ден пред спиење, максимум 15 дена проследено со пауза од седум дена.

Евротип
Евротип
To Top