Новости

Здравје

Според научниците, користењето мобилни телефони го забрзува стареењето

Најновите наоди објавени во средата од научникот Јадвига Гебултовиќ од Државниот универзитет во Орегон, покажаа дека прекумерната изложеност на сина светлина што ја емитуваат LED екраните, може да има штетен ефект врз клетките во нашето тело, од клетките на кожата и масното ткиво до сетилните неврони. Резултатите од студијата се објавени во списанието „Frontiers in Aging“.

Нашата студија сугерира дека избегнувањето на прекумерна изложеност на сина светлина може да биде добра стратегија во борбата против стареењето“, додаде Гебултовиќ.
За жал, како што забележаа истражувачите, луѓето во развиените општества се изложени на сина светлина преку LED осветлување преку телефони, компјутери, телевизори и амбиентално осветлување.

Стареењето е процес кој неизбежно се случува на различни начини, но на клеточно ниво старееме кога клетките престануваат да се поправаат и да произведуваат нови здрави клетки.

Истата студија го разгледа и ефектот на метаболитите врз функциите на клетките. Имено, овие сигнални хемикалии се значително изменети поради изложеноста на сина светлина, а нарушувањата во нивната рамнотежа се поврзуваат и со забрзано стареење на клетките. Друго вознемирувачко откритие е дека молекулите одговорни за комуникацијата меѓу невроните, како што е глутаматот, биле на пониско ниво по изложувањето на сина светлина, пишува New York Post.

Евротип
SNBROKER
To Top