Новости

Здравје

Тиквичките изобилуваат со витамини и минерали, го зајакнува имунитетот и го чува срцето

Тиквичките ја подобруваат работата на мозокот и концентрацијата, ги смируваат нервите и ги зајакнуваат, ја поттикнуваат работата на цревата, го чистат црниот дроб, но тука не е крајот на нивните лековити својства.

Овој зеленчук, нутриционистите со право го сместуваат во редот на најкорисни зеленчуци за организмот.

Поради широката примена во кулинарството, одличниот вкус, ниската калоричност и поволното влијание на здравјето, тиквичките со текот на времето станаа омилена намирница на многу кујни.

Овој сочен и лесен плод е идеален за летната исхрана бидејќи содржи висок процент на вода – дури 93 отсто.

Зошто е добро да се јадат тиквички?

Тие содржат многу витамини (особено е високо нивото на витамин Ц), минерали, калиум, калциум, фосфор и селен.

Кората содржи голема количина на магнезиум и каротеноиди. Освен тоа, тиквичките го активираат метаболизмот на клетките, го снабдуваат организмот со хранливи материи и помагаат при слабеењето.

Антиоксидансите, витаминот Ц, бета каротенот и фолната киселина во тиквичката можат да го намалат нивото на холестерол во крвта, а исто така се погодни и за зачувување на здравјето на срцето.

Тиквичките го подобруваат варењето и апсорбцијата на протеините, па затоа е добро што почесто да ги комбинирате со месо или риба.

GOLD
To Top