Новости

Здравје

Утрински тренинг – Вежби од само 8 минути што ќе ви помогнат да останете во форма

Овој утрински тренинг ќе ве расони, а и ќе ви помогне да останете во форма. Се рсзбира ќе ве одржува фит и ќе ви помогне во согорување на непотребните калории.

Ако имате напорен ден пред вас, краткиот утрински тренинг може да биде совршен избор. Можеби нема нема да имате време да го направите подоцна во текот на денот поради обврските кои следат, а за истиот потребни ви се само неколку минути.

Некои експерти особено ги нагласуваат можните придобивки од утринскиот тренинг. Имено, постојат некои индикации дека тренинзите пред појадок би можеле да го започнат метаболизмот посилно, односно телото ќе може да согори повеќе калории.

Овој осумминутен тренинг треба да изгледа вака: 15 сквотови, 10 склекови, 10 скокови со секоја нога, 10 ,,обратни” стомачни, 12 сквотови со товар, 10 кревања тегови над главата, 10 скокања со товар или тегови, 6 склекови со тегови поединечно на двете раце. Вежбите треба да се изведуваат без одмор меѓу нив, пишува Eat this.

Евротип
Евротип
To Top