Новости

Здравје

Фотографии кои докажуваат дека жените се убави и без шминка

Не алудираме на тоа повеќе никогаш да не користите шминка, но би ве потсетиле дека и природниот изглед е сеуште на цена. Жените изгледаат убаво и без прекумерниот „make up“, па затоа не мора пред секоја прилика да сте со вашата торбичка за шминки при рака. Заборавете ги туторијалите кои тврдат дека на себе треба да имате пудра, руж, маскара или слично, во секоја прилика, па макар и далеку пред утринското кафе на пример.

Интересни се токму тие „учења“, каде велат: „ Како да изгледате свежо на утро? “ или „ Каков треба да биде вашиот „make up“ на утро? “

Не. Не мора да си го правите тоа на себе си и на вашата кожа. Прекумерното користење на шминката, па макар и на кремовите за лице кои ги користите како подлога, сепак би им наштетиле на вашата кожа. Особено чувствително е лицето, а тоа како што знаеме е огледало на душата, па зошто се брзате вашата душа да стане избрчкана, стара и сува?

Шминката користете ја само за одредени прилики, не секојдневно. Време е да разберете дека вие сте убава девојка и нема потреба од цел тој „make up стајлинг“ или „make up – умор“ кој само ќе ја сокрие вашата вистинска природна убавина.

Во продолжение, погледнете ги овие девојки кои навистина немаат ни грам шминка и навистина докажуваат дека жените се убави и без неа.

Pinterest

Pinterest

Pinterest

Pinterest

Pinterest

Pinterest

Pinterest

Pinterest

Pinterest

Pinterest

GOLD
To Top