Новости

Здравје

Целосно слепа личност делумно прогледа со помош на оптогенетика

Видот на целосно слеп маж делумно беше вратен со помош на протеини осетливи на светлина, кои се пронајдени во алгите. Мажот бил третиран со терапија наречена оптогенетика, која користи протеини за контрола на клетките на окото. Човекот сфатил дека терапијата функционира кога почнал да ги гледа линиите на пешачки премин. Сега веќе може да зема предмети од маса, пишува Nature Medicine.

Идентитетот на пациентот не е откриен, но се знае дека живее во Франција и дека бил третиран за слепилото во Париз. Состојбата наречена retinitis pigmentosa му била дијагностицирана пред 40 години, а таа доведува до смрт на клетките осетливи на светлина, кои се наоѓаат на површината на ретината.

Истиот проблем со видот го имаат над 2 милиони луѓе во светот, а иако целосното слепило е ретка појава, човекот е целосно слеп речиси две децении. Оптогенетиката, пак, е ново поле во медицината, а ја користи светлината да прецизна контрола на клетктие на мозокот. Научниците веќе ја искористија за да му го вратат видот на еден пациент кој сега може да забележи светлина.

Техниката се базира на протеините channelrhodopsins, кои ги произведуваат алгите, а кои го менуваат своето однесување како одговор на светлината. Микробите ги користат за да се движат кон светлината.

Првиот чекор во лекувањето на слепилото била генска терапија. Генетичките инструкции за создавање родопсин се земени од алги и се сместени во клетките во слоевите од ретината на окото на пациентот. Сега кога до нив ќе дојде светлина, тие испраќаат сигнали до мозокот.

Потребни биле месеци за да се достигне високот ниво на родопсин во окото и мозокот да го научи новиот јазик со цел да прогледа. Првите знаци на успешен третман се јавиле кога пациентот сватил дека може да го види пешачкиот премин. Пациентот сега не гледа совршено, но разликата од целосно слепило до ограничен вид е навистина огромна.

GOLD
To Top