Новости

Здравје

Црно или бело:Грозје си е грозје, најдобар сезонски избор за здравјето

Постојат различни видови на овошје и зеленчук, а поради нивната разновидност се одлични сојузници за зачувување на здравјето, но некои сорти, во споредба со другите, имаат помалку шеќер и калории и повеќе витамини.

Меѓу овие примери се вбројува и грозјето, пишува „Новости магазин“.

Од гледна точка на количината на минерали и витамини, варијациите помеѓу различните сорти грозје се минимални.

Сите сорти се состојат главно од вода и се богати со фруктоза.

И зеленото и црното грозје имаат исти здравствени придобивки. Единствената разлика помеѓу белото и црното грозје е тоа што грозјето во потемни нијанси има многу поголема количина на ресвератрол.

Црното и црвеното грозје имаат ресвератрол. Ресвератролот е познат главно по неговото позитивно влијание врз стареењето.

Помага и за контрола на шеќерот во крвта бидејќи го зголемува лачењето на инсулин во вашето тело. Семките и лушпите на црвеното грозје исто така имаат големо количество влакна.

Пулпата од грозје е богата со витамини Б1, Б6, Б2, А и Ц; минерали сол, бакар, железо, магнезиум, цинк, калиум и натриум; и органски киселини, јаболкова, винска и лимонска.

Во лушпата на црвеното грозје се концентрирани бројни полифеноли (првенствено ресвератрол), кои ја намалуваат потрошувачката на енергија, акумулацијата на масти во црниот дроб, шеќерот во крвта, па дури и крвниот притисок.

Што се однесува до калориите на грозјето, тоа е околу 60 на 100 грама, значи тоа е нискокалорично овошје.

Евротип
SNBROKER
To Top