Новости

Здравје

Јога Нидра – Техника која ќе ве релаксира без да заспиете

Потекнувајќи од тантричките древни традиции, Јога Нидра, претставува техника со чија помош свесно ќе се опуштите.

Овој пат, заборавете го кафето или чајот во вашата удобна фотелја додека читате книга на пример. Заборавете го и филмот, заборавете го и исклучете го телефонот. Зборуваме за поинаква релаксација или јога – техника која ви овозможува спонтано да се приближите до потсвесното. Да спиете, а да не спиете или да се релаксирате без да сонувате. Ова е извонредна форма на вежба за релаксација која му овозможува на телото комплетно ослободување од стресот со помош на концентрацијата кон секој дел од вашето тело и неговото комплетно опуштање.

Интересно е во оваа техника што на почетокот се вели да си создадете или да си кажете пред себе си, некоја посебна мантра или позитивна афирмација која би сооддејствувала на презентот. Тоа би било на пример:,,Јас можам” или ,,Јас уживам во овој ден!” или ,,Јас сум успешен човек и ми е убаво во мојата кожа!” Потоа таа ваша мантра повторете ја три пати, се вели во техниката и потоа започнете ја техниката.

Погледнете го ова видео, а според нашето искуство, убаво е да го слушате секој ден и да се релаксирате токму онака како што заслужувате вие, вашето тело и вашиот ум.

 

GOLD
To Top