Новости

Здравје

3 најлоши и 3 најдобри диети за сезоната есен/зима

Често во постудените денови наталожуваме по неколку килограми, конзумираме потешка храна, повеќе слатки, помалку прошетки. Но, ако веќе одлучите да си ја сочувате тежината или да ослабете во текот на сезоната есен/зима, проверете кои се 3 најлоши и 3 најдобри диети.

Најлоши диети

Протеинска диета – Целосното отстранување на јагленохидратите од дневното мени и сконцентрирање само на внес на протеини (месо, јајца, риба, зеленчук) ќе донесе до брзо губење на килограмите, но и до пад на имунитетот па ќе бидете повеќе подложни на вируси и грип. Оваа успешна, но крајно нездрава диета, особено не се препорачува за постудените денови.

Диета со течна храна – Диетите базирани на сокови од зеленчук и овошје се здрави, но тие се пролетни и летни диети. На есен, и покрај што изобилуваат со витамини, организмот ни бара поразновидна храна. Затоа не се вистински избор.

Диета со јајца –Диетите кои се базираат на јајца, дури и по 10-на дневно, како што е Мајо диетата, и покрај успешните резултати, не се здрави. Не само во постудените денови, ваквите диети подобро да не ги практикувате ни на пролет.

Најдобри диети

Нискокалорична диета – Внесот на помалку калории е секогаш добар избор за слабеење. Диетата базирана на разновидна храна која вклучува 70 отсто внес на протеини и 30 отсто внес на јагленохидрати дневно, секако и сезонско овошје и зеленчук, е одлична диета за постудените денови. Единствена маана на оваа здрава диета е што би требало да ги „броите“ калориите кои ги внесувате. Доколку сакате да ослабете, редуцирајте ја дневната доза на внес на калории околу 1.200. Драстичните диети со внес од 600 калории дневно се штетни и даваат брзо слабеење и брзо враќање на килограмите.

Диета со супа од зелка – Ова е една од најпрепорачливите диети за претстојната сезона, а гарантира успех. Супата е пријатна за студените денови, а зелката има многу предности. И не мора да е само супа од зелка, слободно зголемете го дневното мени со неколку различни порции супа, од брокула, од печурки, од зеленчук.

Алтернативна диета – Оваа диета се почесто е највисоко на листите на здрави диети, а погодна е за сите сезони. Килограмите се губат побавно, но затоа не се враќаат. Алтернативната диета е диета на претпазливост и прaвилен избор на намирници, почести и помали здрави порции, а дозволена е дури и пица, доколку е подготвена од интегрално тесто и зеленчук. Накусо, хамбургерот заменете го со здрав сендвич, црвеното месо со белото, компирот со сезонски зеленчук, белиот леб со црн леб, газираните сокови со цеден лимон, портокал или грејпфрут и тн.

 

GOLD
To Top