Новости

Здравје

,,По утрото денот се познава!” – 3 Грешки поради кои чувствуваме замор целиот ден!

Некои утрински навики можат да направат да бидиме уморни во текот на целиот ден. Тие можат влијаат на енергијата, која доколку би ја немале, не би биле во можност целосно да ги завршиме нашите обврски.

Токму овие навики прават да се чувствувате уморено во текот на денот:

Одложување на алармот!

Експертите тврдат дека одложувањето на алармот не е добра идеја, бидејќи со притискање на копчето „одложи“, вие ,,се мешате” во фазата на РЕМ спиење. Ако постојано ја прекинувате оваа фаза на спиење, ќе се чувствувате исцрпено и ненаспано.

Покрај тоа, може да заспиете за време на доцнењето на алармот, што доведува до одложувања, неисполнување на работните обврски и договорени планови, што ќе ве направи помалку пргави и многу нервозни.

Покрај тоа што се препорачува да станете штом ќе заsвони алармот, експертите ве советуваат да се будите приближно во исто време секој ден, за да се разбудите со леснотија.

Лежење или ,,излежавање” во кревет

Оние дополнителни пет минути ,,одмор” во кревет, нема да ви ја вратат енергијата. Напротив, докажано е дека будењето во положба на фетус предизвикува стрес, додека истегнувањето може да го реши сето тоа.

Ејми Кејди, психолог од Харвард, смета дека треба да се истегнете по целиот кревет веднаш по будењето. На тој начин, ќе ги истегнете сите мускули, а исто така ќе стекнете самодоверба за да го започнете денот, објаснува таа.

Ејми, исто така, тврди дека луѓето кои се будат со раширени раце во форма на буквата V се исклучително среќни.

Прво утринско кафе! 

Иако за многу луѓе кафето е главното средство за будење, конзумацијата на овој пијалок веднаш по будењето, може да има спротивен ефект.

Кофеинот го удвојува нивото на стрес хормоните и може да доведе до проблеми со спиењето, а по некое време повторно ќе се чувствувате поспано.

Докторите веруваат дека најдобро време за шолја кафе е помеѓу 9:30 и 11:30 часот, после појадок, и никогаш на празен стомак.

Евротип
SNBROKER
To Top