Новости

Здравје

4 Најчести митови кои се поврзани со физичката активност, вежбањето и фитнесот

Многумина однос практикуваат здрав живот и сакаат да се занимаваат со физичка активност. Но, бројните студии заклучуваат дека многу од тие „многумина“, воопшто не го „прават“ тоа правилно.

На социјалните мрежи имаат пристап сите, па ќе наидете на совети од кадри, но и од особи кои и не се баш информирани околу правилниот однос кон вежбањето. Така влегувате во една рутина, немате резултати, а се чудите зошто е тоа така. Верувате нешто, во што? Еве неколку митови кои се поврзани на оваа тема:

1. Доволно е да вежбате еднаш или двапати неделно. Апсолутно неточно!

За жал, неопходниот минимум за ефективна програма за вежбање е три тренинзи неделно, објаснува Шон Арент од универзитетот Рутгерс. Најдоброто време од денот за вежбање не мора да биде наутро, туку времето кое вам најповќе в одговара или вежбајте во тој дел од денот кога сметате дека имате најповеќе енергија. Ако сте ноќен тип, одете во теретана навечер, ако ви одговара да станете рано, тогаш вежбајте. Сепак, експертите потсетуваат дека вежбањето веднаш по будењето го забрзува слабеењето.

2. Реченицата „Вежбите со тегови ги претвораат маснотиите во мускули“ може да се слушне на секој чекор. – Голема грешка!

Она што ќе го донесе тренингот со тегови е помош во градењето на мускулното ткиво. Но, најдобар начин да се ослободите од масните наслаги е да вклучите многу свеж, варен зеленчук, помалку маснотии, протеини и т.н. здрави масти како што се маслиново масло и риба. Што значи, најважна е исхраната. Ако сеуште се храните нездраво, примате многу маснотии, тие само ќе ви одмогнат и нема да го добиете посакуваниот ефект.

3. Мит: Само вежбањето помага при слабеење

Вистина е дека вежбањето помага пр слабеење, но сепак не е доволно. Вежбањето е најдобриот начин за слабеење е длабоко вкоренет мит. Најголемиот дел од слабеењето, велат експертите, се одвива во кујната, а вежбањето од своја страна ќе донесе промени во изгледот на телото и физичката подготвеност.

GOLD
To Top