Новости

Здравје

4 Природни начини како да се изборите со „зимската депресија“

Честопати за зимските денови знаеме да си речеме дека сме депресивни, но тоа не е само нагодување туку е голема вистина. Психолозите за среќа, тврдат дека ова е сезонска депресија која се случува кај некои жени, па на почетокот започнува како некое чувтсво на меланхолија, досада, мрзеливост, но продолжува во депресија која завршува дури на крајот од месец Февруари. Меѓу псхиолозите, мислењата за самите причини за депресиата, се поделени. Едни тврдат дека сето тоа се должи на намалувањето на денот или кратките саати кои ги поминуваме на сонце, а тоа значи дека ни фали или е намален витаминот „D“. Други пак тврдат дека мрачните денови, придонесуваат да се намали хормонот на среќата серотонинот, како и мелатонинот.

Како и да е, ние им веруваме и на едните и на другите. Оваа депресија е видлива и веројатно на повеќет од нас им се случува. Но, постојат такви жени кои не се свесни дека се наоѓаат токму во оваа „сезонска неприлика“ и едноставно се прашуваат што им се случува. Кои се начините за да излезете од целиот овој хаос од лоши мисли кои ја напаѓаат вашата „вжештена“ глава?

Вежбајте

Штом ги почувствувате овие симптоми, веднаш започнете да се бавите со одреден спорт или пак вежбајте дома. Со помош на физичката активност, ќе го вратите серотонинот и ќе се ослободите од стресот и вознемиреноста.

Витаминот D

Оневозможеноста да го примаме овој витамин преку нашата кожа, изложувајќи ја на сончева светлина, го стопира процесот на лесно опоравување од депресивното расположение. Но, постојат суплементи и додатни витамини кои треба да се земат во поголеми дози. Но, сепак за да знаете точно колку од него треба да конзумирате разговарајте со вашиот доктор или фармацевт. Исто така можете да го примате витаминот од исхраната, но не е доволно. Препорачлива е рибата, лосос.

Зголемете го внесот на омега-3 масни киселини

Овие здрави масти можат да ги ублажат симптомите на депресија и да помогнат во одржување на серотонинот и допаминот.

Масни видови риби како скуша, харинга, лосос се најдобри извори на омега-3 масни киселини. Најдобри извори на растенија, кои секако не треба да се занемарат, се лененото семе и оревите.

Внимавајте со грицките и чипсите

Во овој период од годината некако го забораваме овошјето и неговата разноликост, ја забораваме водата, протеините… Наместо да бараме енергија и живот, ние ја уништуваме со мрсна храна и чипси кои само можат да ни одмогнат.

Внимавајте со изборот на храна, правете селекција и запомнете дека ова е само минлива состојба која може многу лесно да се излечи, но само ако имате волја.

 

GOLD
To Top