5 Бенифиции кои ги нуди какаото – пијалок кој треба почесто да го имате на вашето мени

Нема ништо подобро од чаша топло какао особено на дождлив ден. Какаото не само што ќе го задоволи вашето чувство за вкус, туку и ќе донесе многу придобивки за вашето тело.
1.Какаото го крева расположението
Какаото и чоколадото се многу корисни за активна ментална или физичка работа и многумина ги нарекуваат овие две нешта одлични антидепресиви. Ако испиете чаша какао наутро, овој пијалок ќе ви даде енергија и ќе ве поттикне. Вечерта, додека пак, се верува дека какаото може да послужи како пијалок за ослободување од стрес и замор.
2. Ја подобрува меморијата
Овој пијалок го намалува ризикот од деменција и директно влијае на структурата и функцијата на мозокот. Овие соединенија кои се наоѓаат во какаото, ги штитат невроните на мозокот од оштетување и го подобруваат метаболизмот и меморијата.
3. Ги зајакнува крвните садови
Какаото помага да се стабилизира или намали крвниот притисок, ги зајакнува крвните садови и го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Сепак, докторите советуваат да не пиете повеќе од две чаши какао на ден, бидејќи овој вкусен пијалок содржи шеќери и масти.
4. Помага во закрепнување на мускулите
Научниците докажаа дека по употребата на какао, мускулите на спортистите закрепнуваат побрзо. Пијалокот содржи протеини кои се потребни за обнова на мускулите.
5. Помага во борбата против дебелината
Американски истражувачи открија интересен факт: и покрај фактот дека какаото има повеќе калории отколку чајот или кафето, тоа не доведува до дебелеење.
Факт е дека дури и мал дел од овој пијалок предизвикува чувство на ситост, па после шолја топло какао ќе изедете помал оброк бидејќи спречува прејадување.
