Новости

Здравје

5 намирници за силен имунитет

Со правилната и здрава исхрана можете да спречите многубројни болести, односно да го подобрите својот имунолошки систем.

Шери домати

Шери доматите содржат флавоноиди, антиоксиданси, кои се борат против слободните радикали во телото, кои предизвикуваат рак. Загрејте неколку шери домати во тавче на оган заедно со мала количина на лук и заедно со интегрален тост леб уживајте во здравата ужинка.

Црвен грејпфрут

Цитрусите содржат многу ликопен, еден од најмоќните антиоксиданти, па затоа трудете се да пиете што повеќе сок од грејпфрут.

Лук

Неодамнешните истражувања открија дека луѓето кои јадат лук, го намалуваат потенцијалното ниво за развој на карцином. Признаваме дека не е баш препорачливо да јадете лук пред работа или пред излегувањата, но задолжително најдете време за негова консумација.

Моркови

Освен што се богати со бета каротен, морковите содржат и фалкаринол, неодамна откриена супстанца, за која се верува дека штити од рак.

Остриги (школки)

Не само што се афродизијак, остригите се богати со цинк, кој е од суштинско значење за подобрување на имунолошкиот систем.

Евротип
SNBROKER
To Top