Новости

Здравје

5 начини за ублажување на утрински мачнини во бременост

Мачнините и повраќањето се првите симптоми на бременост и најчесто се појавуваат на утро. Но, за жал многу жени со овој непријатен проблем се соочуваат преку целиот ден. Може да траат неколку недели, месеци, а некои трудници ги чувствуваат до самиот крај на бременоста. Доколку и вие се соочувате со утрински мачнини прочитајте го овој текст и дознајте како може да си помогнете.

Според податоците на Американскиот институт за здравје, најчесто овие мачнини кај 60% од трудниците завршуваат до крајот на 13 недела од бременоста, а кај 9 % може да потраат и после 20 недела. Добрата вест е дека овие мачнини може да се ублажат на неколку природни начини.
утрински мачнини

До креветот секогаш имајте солени крекери за во случај да ве нападнат утрински мачнини

За да ги избегнете така наречените утрински мачнини, секогаш покрај креветот чувајте неколку солени крекери, бадеми или некои други јаткасти плодови. Изедете неколку од нив додека сте се уште во кревет и станете полека, бидејќи брзите и нагли движења може да ги влошат мачнините.

Јадете кисела или солена храна

Многу жени тврдат дека во борбата против мачнините им помогнала киселата или солената храна. Тоа донекаде објаснува зошто многу бремени жени посегнуваат по кисели краставици. А краставиците се поздрави од што мислите – дознајте ги 9 здравствени придобивки.

Размислете околу додатоците во исхраната

Трудниците често консумираат пренатални витамини. Во борбата против мачнини најдобри сојузници се свежиот ѓумбир, витаминот Б6 и магнезиумот. Намирници кои изобилуваат со Б6 се авокадо, банани, семки од сончоглед, месо и риба. Магнезиумот на некои трудници им помага во ублажувањето на симптомите предизвикани од утрински мачнини, па затоа често им се препорачува да го земаат во суплементарна форма.

Консумирајте помали, но почести оброци

Доколку консумирате помали оброци неколку пати во денот, ќе го спречите чувството на голем глад кој често предизвикува и пад на нивото на шеќер во крвта поради што може да се појават и мачнини. Избирајте храна која не содржи високо преработени јаглехидрати и исфрлете ги адитивите од вашата исхрана. Стручњаците тврдат дека при ваква состојба најдобро е да се јаде свежо овошје, варени компири, смути или ориз.

Во вашата исхрана вклучете протеини и здрави масти

Важно е да внимавате да не ви падне шеќерот во крвта. Затоа секогаш избирајте намирници како што се јаткастите плодови, сирење, авокадо, јогурт, кајгана или говедско месо кое ќе го држи стабилно нивото на шеќерот во крвта. Важно е за појадок да внесете протеини кои ќе ви помогнат да ги ублажите мачнините. Доколку не можете да јадете јајца, може да се напиете некој домашен протеински шејк. Здравите масти ќе ви дадат сила, а тие се содржат во кокосовото масло и во авокадото.

Извор: sezahrana.mk

GOLD
To Top