Новости

Здравје

5-те најважни бројки кои можат да го спасат вашето здравје

Foto: Gulliver/Thinkstock

Некој повеќе, некој помалку, но нашиот мозок може да ги регистрира важните бројки од секојдневниот живот исто како телефонските броеви или важни датуми. Но постојат бројки кои имаат многу поважна улога и кои можат да спасат живот, а за кои знаеме малку или пак ништо. Запамтете ги:

1. КРВЕН ПРИТИСОК – Висината на крвниот притисок во текот на денот се менува. Таквите промени се нормални, предизвикани од низа работи кои се случуваат во нашето тело. Но, болеста поврзана со крвниот притисок доаѓа тивко, а симптомите се појавуваат тогаш кога е веќе покачен или намален што може да биде опасно за здравјето.

Важни бројки: Нормалната вредност на крвниот притисок која овозможува нормално функционирање на нашиот организам е 120/80 mmHg. Со текот на годините редностите се покачуваат, но никогаш не треба да биде повисок од 140/90. Високиот квен притисок уште се нарекува и „тивок убиец“ и заради тоа е потрено редовно да се контролира.

2. ХОЛЕСТЕРОЛ – Поголем дел од нас не е свесен кога нивото на холестеролот може да се промени и да стане штетно и опасно за нашето здравје. Холестеролот ги претставува маснотиите во крвта без кои нашето тело не може да функционира нормално. Но, кога ќе се покачи значително тоа може да доведе до развој на опасни кардиоваскуларни болести и затоа е потребно да се контролира еднаш годишно.

Важни бројки: Нивото на холестерол е составено од две вредности, LDL кој претставува лош, а HDL добар холестерол. Нормалната вредност на вкупниот холестерол треба да биде помала од 5,0 mmol/L, а вредноста на LDL помала од 3,0 mmol/L.

3. TSH – Оваа кратенка го претставува хормонот на тироидната жлезда, жлездата сместена на долниот дел од вратот  која влијае на функцијата на сите органи. Во надзорот на работата на тироидната жлезда најважна е хипофизата која со помош на TSH ја поттикнува тироидната за хормоните. Зголемено или намалено лачење на хормонот на тироидната жлезда може да биде многу штетно и опасно за здравјето за целиот организам.

Важни бројки: Тироидната жлезда се контролира преку крвна слика, а референтните вредности кои упатуваат на нормална работа се од 0.27 до 4,20 mU/L.

4. ШЕЌЕР ВО КРВТА – Дијабетесот е хронична и неизлечлива болест која во денешно време значително е раширена. Тој настанува кога заради намаленото лачење на инсулинот доаѓа до покачување на шеќерот во крвта. Најважно е навреме да се дијагностицира.

Важни бројки: Ако сакате да бидете сигурни дека нивото на шеќер во крвта е оптимално, потребно е да се направи едноставен крвен тест. Нивото на шеќер во крв наутро пред оброк мора да биде помал од  5,5 mmol/L, додека после јадење не смее да премине 7,8mmol/L.

5. КАЛОРИИ – Иако кога ќе се споменат калории не помислуваме на опасност по здравјето туку на витка линија, дневниот внес на калории тесно е врзан за дебелината која се смета за една од најраширените болести на денешницата. Калориите ги внесуваме со храна и пијалок. Кога количината на калории внесени во организмот ќе ја премине количината на потрошена енергија, телото е потхрането со вишок калории во станиците на масното ткиво. Таложењето на масните станици доведува до дебелина, која може да предизвика бројни здравствени тегоби, но и опасно хронични болести.

Важни бројки: Количината на калории која треба да се прима зависи од нашите години, физичката активност и телесната градба, односно индексот на телесна маса. Просечната количина калории која се смета за оптимална дневна доза е 2000 калории. Но, таа може да биде и нешто пониска кај жените постари од 50 години (1700 калории) или пак кај неактивните лица и оние со поситна градба.

СН Брокер
To Top