Новости

Здравје

7 совети како да го преживеете Велигден без да добиете непосакувани килограми

Претстојните велигденски празници освен дружба ни носат и превкусна трпеза полна со разновидна храна. Со цел да не претерате и во краток период да добиете повеќе килограми, ви даваме 7 совети со кои ќе го избегнете тоа.

1. Избегнувајте храна кога не сте гладни 

Добро е познато дека за време на празниците храната само се менува така што откако ќе јадете ручек, следува десерт и секогаш има нешто ново на масата. Решението е едноставно – не мора да јадеш кога јадат другите и да пробуваш сè што ти е понудено. Со други зборови, јадете само кога сте гладни.

2. Јадете побавно 

Со цел да не дојде до зголемување на тежината, своите оброци консумирајте ги побавно. Имено, од моментот кога ќе почнеш да јадеш, потребно е околу 20 минути мозокот да испрати сигнал на ситост. Покрај тоа, бројни истражувања покажаа дека со брзото консумирање на храна може да се зголеми ризикот за развој на дијабетес тип 2.

3. Најдете време за физичка активност 

Доволно е да одвоите 15 до 20 минути за изведување на некоја утринска вежба или едноставно малку да прошетате со друштвото или со кучето. Покрај тоа што тоа ќе ви одземе многу малку време, тоа позитивно ќе влијае на телото за побрзо согорување на калориите во текот на целиот ден.

4. Избегнувајте алкохол 

Алкохолните пијалоци се непосакувани калории, а само една чаша коктел со дополнителен сок е речиси третина од калориите кои смеете да ги консумирате во денот. Ако сакате да си приуштите по некој пијалок, комбинирајте го со обична или минерална вода и водете сметка после секој испиен коктел да пиете и вода.

5. Со секој оброк пијте минерална вода

Природната минерална вода е идеален избор со секој оброк, бидејќи со своите минерали ја зголемува нутритивната вредност на оброкот и со неа во организмот нема да внесете дополнителни калории. Покрај тоа, минералната вода во комбинација со меурчињата на јаглениот диоксид се покажала за ефикасна и во стимулацијата на дигестивниот систем.

6. Зголемете ја количината на зеленчук во чинијата

За да заштедете на калории, во својата чинија треба да има една порција месо и малку јаглехидрати, а остатокот да биде исполнет со зеленчук. Зеленчукот изобилува со витамини, минерали, антиоксиданси и влакна кои помагаат во намалувањето на нивото на холестерол.

7. Не барајте “репете” 

Јасно ни е дека мама готви најубаво на свет и дека нејзината празнична трпеза е најубава и тешко може да одолеете, но секако земете здив и обидете се да не побарате уште една порција оброк. Користете помала чинија која ќе ја наполните цела и не се враќајте да земате уште храна. Ако сакате да јадете уште нешто, нека биде салата или некое овошје.

GOLD
To Top