Новости

Здравје

Ана Маркоска: Тренерот влијае на развивањето на спортскиот дух и култура кај секое дете

Најголемо задоволство и успех на еден тренер претставува можноста за пренесување на знаењето и искуството за тоа што е најдобар и најкомпетентен, кај различни генерации желни за изучување на нешто кое им претставува предизвик и ново искуство.

Моќта на менторството и спремноста на тренерот е сплет од познавање на областа за која менторира, искуството стекнато за време на неговото продлабочување во тематиката, желбата за напредок и развој на неговите “студенти”, како и љубовта кон тоа што го работи и пренесува како информација.

Тренерот треба да поседува ментална и физичка спремност, високо развиена осетливост и комуникација кон различни структури на карактери, а пред се да биде личност која ќе знае како да се снајде и во ситуации каде и не е се така како планираното. Задоволство доаѓа после првиот постигнат резултат.

“Како тренер, инструктор и кореограф по латино-американски, стандардни и карибски танци, можам да бидам субјективна и да кажам дека мојата работа е најубавата и најдобрата професија, а тоа произлегува од задоволството после секој постигнат успех и резултат на секое едно дете кое се бави со овој прекрасен спорт, танцот”, вели Ана Маркоска – тренер, инструктор – Танцово Студио Expose.

Тренерот влијае на развивањето на спортскиот дух и култура кај секое дете, влијае на развивањето на моториката, како и на оформувањето и здобивањето со навики, кои се од огромно значење за секојдневниот живот на личноста.

Спортувајте, трошете ја енергијата на правилен начин и секогаш имајте време посветено само за Вас.

Евротип
Евротип
To Top