Новости

Здравје

Oвие предмети се извор на бактерии

Колку и да се грижите за хигиената, секогаш има луѓе кои ја занемаруваат, па добро е да знаете кои места и предмети треба да избегнувате да ги допирате, но и да ги преземете соодветните мерки кога ќе дојдете во контакт со нив.

Знаете дека шолјата во јавните тоалети е полна со бактерии, знаете дека на седиштата во автобусите виреат бактерии и вируси, знаете дека чекалните во болниците се преполни со бактерии и вируси, но има места кои сигурно не ви паднало на ум дека се извор на бактерии, а од кои треба да се пазите. Еве дел од нив:

-Количките во супермаркетите

-Менијата во рестораните

-Сетовите за зачини, сосови и други додатоци во рестораните

-Банкоматите

-Кваките на вратите и сапуните во јавните тоалети

-Копчињата за лифтот и прекинувачите за светло

-Парчињата лимон во пијалоците

-Компјутерските тастатури и телефонските слушалки

-Женската ташна

Евротип
Евротип
To Top