Новости

Здравје

Со пеперминт против крлежите

Ако сте биле на прошетка низ трева, може да бидете жртва на ситните крлежи. Тие се пикаат под вашата кожа, а само телцето кое се полни со крв останува надвор. Тие се движат кон потоплите места на телото, кон влажните пазуви и препони. Со цицањето на вашата крв можат да предизвикаат алергиска реакција или пак да ве заразат со болеста која ја носат.Најчесто каснувањата поминуваат без последици и ретко можат да предизвикаат сериозни заболувања како Лајмска болест и Пегава треска. Каснатото место може да биде зацрвенето, а неговото телце и нозе се гледаат со голо око, додека главата е под кожата. Вадњето од вашата кожа треба да го направи стручно лице и превентивно се применува антибиотска терапија. За да се заштитите од каснувања од крлежи, пред да излезете на прошетка намачкајте ја вашата кожа или облека со репелент кој содржи пеперминт.

GOLD
To Top